Инсталација

ОПАСНОСТ

danger

Опасност поради медиуми опасни по животот за време на инсталација!

Загрантирајте дека местото на поставување е чисто и дезинфицирано за време на инсталација. Кога може да дојде до контакт со медиуми опасни по животот, внимавајте на следните точки:

  1. Носете заштитна опрема:
  2. Затворени заштитни очила
  3. Заштита за устата
  4. Заштитни ракавици
  5. Веднаш соберете ги капките што истекуваат.
  6. Внимавајте на податоците за правилата за работа!

ОПАСНОСТ

danger

Опасност по животот поради опасна самостојна работа!

Работењето во шахти и тесни простори, како и работењето со опасност од пад се смета како опасна работа. Таквата работа не треба да се извршува самостојно!

  1. Работете само во присуство на друго лице!

ВНИМАТЕЛНО

Материјални штети поради погрешно прицврстување

Погрешното прицврстување може да предизвика ограничување и оштетување на погонот за мешање и на неговата функционалност.

  1. Кога се прицврстува на бетонски градби, употребете сидро за поврзување за да го изведете прицврстувањето. Внимавајте на прописите за монтажа на производителот! Строго придржувајте се до податоците за температурата и времињата потребни за зацврснување.
  2. Кога се прицврстува на челични градби, проверете ја градбата дали е доволно цврста. Употребувајте материјал за прицврстување со доволна цврстина!
    Употребувајте материјали што се отпорни на електрохемиска корозија!
  3. Цврсто стегнете ги сите навојни врски. Придржувајте се до податоците за вртежниот момент.
  • Носете заштитна опрема! Внимавајте на правилата за работа.
    • Заштитни ракавици: 4X42C (uvex C500)
    • Заштитни чевли: Класа на заштита S1 (uvex 1 sport S1)
    • Поставете заштита од судирање!
    • Заштитен шлем: EN 397 Сообразно на стандардите, заштита од странично изобличување (uvex pheos)
    • (при примена на средства за дигање)
  • Подготовка на местото на поставување:
    • Да биде чисто, да нема големи предмети наоколу
    • Да биде суво
    • Да нема мраз
    • Дезинфицирано
  • Работите треба секогаш да се изведуваат од страна на две лица.
  • Означете го работното подрачје.
  • Држете ги неовластените луѓе надвор од работното подрачје.
  • Во случај на работна висина од повеќе од 1 m (3 ft), употребете скеле со заштита од пад.
  • За време на работата, може да се насоберат отровни гасови или гасови што може да предизвикаат задушување:
    • Следете ги заштитните мерки во прописите за работа (мерете за гасови, носете со себе уред за предупредување за гасови).
    • Загарантирајте доволно проветрување.
    • Веднаш напушете го местото ако се насоберат отровни гасови или гасови што може да предизвикаат загушување!
  • Поставување средства за подигнување: рамна површина, чиста и цврста подлога. Местото на складирање и поставување мора да се слободно пристапни.
  • Прицврстете го синџирот или сајлата со стремен за рачката/точката на подигнување. Користете само структурно дозволени средства за прикачување товар.
  • Не задржувајте се во подрачјето на нишање на опремата за подигнување.
  • Поставете ги сите кабли за поврзување согласно прописите. Не смее да има опасности (опасност од спрепнување, оштетување за време на работата) поврзани со кабелот за поврзување. Проверете дали пресекот на кабелот и неговата должина се соодветни за избраната намена.
  • Придржувајте се до минималното растојание од ѕидовите и околните инсталации.